Костадинов тврди дека водата во Струмица е безбедна и најави напуштање на ЗЕЛС

од Nikola Popovski
228 прегледи

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов синоќа објави дека од медиумите дознале како АХВ се уште не им издава решение за исправноста на водата. Костадинов тврди дека водата во неговиот град е безбедна.

-Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки. Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, истакна Костадинов преку објава на социјалните мрежи.

Тој потоа сподели со јавноста дека како општина ја напуштаат организацијата ЗЕЛС. Според него, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Најави дека во текот на денешниот денес ќе подготви официјален допис.

-Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има, наведе Костадинов.

Претходно од АХВ информираа дека извештаите за водата од стручниот водоснабдителен систем не се добри и забраната остануваат на сила.

Во анализата, утврдено е дека нивото на манган е во рамките на дозволените вредности, но четири од земените мостри покажуваат зголемено присуство на колиформни бактерии, што не ги исполнува безбедносните стандарди.

Слични содржини