Костадинов: Уценувачко е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба

од Берта Китинска
230 прегледи

Клучна цел во барањето за лидерска средба од ВМРО-ДПМНЕ е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори и тоа е уценувачки, порача во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ и градоначалник на Валандово.

„ Во моментот на решавање на клучните суштински државнички прашања пред кои сме исправени, и на сите кризи, бидејќи во мандатот што го имаме знаеме дека голем дел од кризите се светски, не се предизвикани од Владата. Баш напротив, Владата покажува сериозна активност и носи мерки што носат потоа дополнително резултат во справувањето со тие кризи. ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека е погрешно слепото барање на брзи предвремени парламентарни избори“,рече Костадинов.

Слични содржини