Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ не се на ниво за решавање на состојбите во државата

од Берта Китинска
260 прегледи

„Разбирам декеа ВМРО-ДПМНЕ во моментов е во незавидна ситуација бидејќи се навикнати да функционираат деструктивно. Нивната реторика е „Заев-СДСМ“ и сега се во нов моментум и не покажуваат дека се на ниво на состојбата во која се наоѓаат државата и светот во моментов. Причинител на здравствената и енергетската криза не е СДСМ, тоа се глобални кризи, кога ќе заврши КОВИД во светот ќе заврши и кај нас“ кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој ја повика опозицијата на обединување за клучните процеси важни за земјата и евроинтегративните процеси, како и справувањето со енергетската, здравствената и економската криза.

„Мора да се стават државните интереси, еднаш и засекогаш над партиските. Мора ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со политики, а не само со голата желба за власт“ кажа Костадинов.

Тој додаде дека не треба сите изборни процеси да се прават фатални и повика дека сите заедно треба да работат за излез на државата од кризата, бидејќи помалу заразени и починати од КОВИД е добро и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини