177
Портпаролот на владејачката СДСМ,Костадин Костадинов во својот фејсбук статус вечерва, објави дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ е виновник за блокадата за формирање на комисија и заштита од дискриминација, со што како што вели, им удри шлаканица на сите граѓани кои биле дискриминирани по било каков основ во општеството.
„Навистина не знам зошто ВМРО ДПМНЕ, речиси секогаш кога јас се јавувам да дискутирам, ја напуштаат салата.
Како и да е, едно е сигурно.
Денеска пратениците од ВМРО ДПМНЕ го блокираа формирањето на комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Имавме 2 дена јавна расправа, имавме еден ден седница на комисијата на која се утврдуваше предлогот, тие се противат против овој предлог, но немаат нивни.
Тажна е ситуацијата во која се наоѓа дпмне, но тоа не го менува фактот дека денеска им удрија шлаканица на цел НВО, на амбасадите кои учествуваа во целиот процес.
Денеска ВМРО ДПМНЕ удри шлаканица на сите оние граѓани кои, на било кој начин биле дискриминирани во општеството, да останат без една така важна комисија, која ќе работи во нивни интерес.
Се надевам, дека вмро дпмне ќе си ја преиспита одлуката уште еднаш и истата ќе се промени.
пс.Во видеото има фин кадар што го потврдува моето кажување“, стои во фесјбук објавата на Костадинов.