Костадинов за Апасиев: Тресла се гора, родио се миш

од Берта Китинска
398 прегледи

Наместо Апасиев да се потпише и да застане зад неговите навредувачки амандмани, тој низ вода го пушта пратеникот Крмов.Со таквите амандмани се гледа намерата на Левица исклучиво за блокирање на работата на собранието, пишува на својот Фејсбук профил Костадин Костадинов од СДСМ.

-Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев.Додека тој троши државни пари, додека вмро дпмне како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите.Епа еве што прави Апасиев почитувани гласачи на Левица.Со ова покажува дека баш му е гајле за вашите проблеми.Он целта си ја постигна.Тресла се гора, родио се миш, пишува Костадинов.

Оваа реакција на пратеникот на СДСМ се однесува на поднесените амандмани на Левица во кои се наведува дека за време на велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце; пратениците кои учествуваат во работата од далечина не смеат да носат облека со обележја на моден салон (месарница, салон за педикир, за маникир…)

Воедно за предлогот да се има офарбано јајце за велигденските празници пред пратениците кои ќе бидат вклучени онлајн Костадинов   вели дека, дел од заразените се борат за здив, не за јајце.

Предлог на Апасиев: Заразените пратеници од Ковид19 да покажат офарбано јајце велигденско при нивното одлучување.Друже Димче, дел од заразените се борат за здив, не за јајце.Срам да ти е несреќо една!, пишува Костадинов .

Слични содржини