Костадинов за цената на струјата: Ова е лекција за да се вложува во суштински работи

од Nikola Popovski
282 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов оценува дека Владата реагирала брзо и со ставање во капацитет на сите институции, спречиле драстично зголемување на струјата.

-Сепак не се случија апокалиптичните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ од 30-40% поскапување. Овој процес треба сите да не научи дека мораме да вложуваме во суштински работи и целиот капацитет да го насочиме кон суштинските работи. Залудно е да се обвинуваме кој е крив. Мора да се научат лекциите, што не се вложувало во минатото во енергетиката. Сметам дека владата успешно го менаџира процесот, констатира Костадинов во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини