Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите.
-Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност за денешниот чекор на Градоначалникот Костадинов со кој реши да не награди сите со по 10 000 денари и како прв го вреднуваше нашиот труд.
Ниту фотографии ниту видеа и прес конференции, градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас, објавија пожарникарите од Струмица.
Костадинов подоцна ја сподели фејсбук-објавата на струмичката противпожарна бригада и под неа напишa:
„Ви благодарам браќа на жртвата ваша за цела Струмица! Да бидеме сите во добро здравје.“
Дополнително, тој најави дека струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари за трудот и справувањето со пожарите.