Костадиновска Стојчевска: Отпочнуваме со целосна реконструкција на Музејот на Северна Македонија

од Destan Jonuzi
139 прегледи

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска најави целосна реконструкција на Музејот на Северна Македонија. За таа намена министерството за култура отворила нова буџетска програма која, за реализација на првата фаза, предвидува 50 милиони денари или над 800 илјади евра.

– Отпочнуваме со целосна реконструкција на Музејот на Северна Македонија. За таа намена отворивме нова буџетска програма која, за реализација на првата фаза, предвидува 50 милиони денари или над 800 илјади евра. Реконструкцијата започнува во 2023 година. Во моментов, на ревизија е Основиот проект , изработен оваа година, за целосна реконструкција и санација на Музејот. Затворено е и прашањето со протекувањето во Музејот на современа уметност. Санацијата на покривот и на покривната конструкција е завршена во поголем дел (над 70%). Министерството за култура, за оваа намена, одвои 5 милиони денари. Со тоа, создадени се услови за враќање на вредните дела од постојаната поставка на МСУ кои беа засолнети на безбедно, информира Костадиновска Стојчевска.

Слични содржини