Костадиновска Стојчевска: Изградбата на Универзална сала да продолжи, овој објект значаен за културата

од Берта Китинска

Пред Универзална сала, чија реконструкција е стопирана, се сретнаа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Двете ги судрија аргументите. Арсовска од една страна тврди дека проектот не е безбеден и затоа се стопирани градежните работи, додека министерката го тврди спротивното.

-Универзала сала веќе 7 години е вон функција. Владата веќе обезбеди 2 милиони евра за реконструкција, има проект кој што е одобрен од сите надлежни институции а сепак е во застој. Затоа денеска како претставник на Владата ги поканив претставниците на стручната јавност, дел од нив вклучени и во самиот проект, Асоцијацијата на Архитекти, Комората на Архитекти, проектантите, архитектите, градежниците, бидејќи тие се најповикани да ги разјаснат сите недоуици дали објектот треба да се реконструриа, рече денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

На јавна средба со градоначалничката Арсовска, проектантите и градежниците, стручната јавност, архитектите, градежниците, посочија дека проектот за реконструкција на Универзалната сала е стучен, соодветен и безбеден за граѓаните и треба да продолжи.

-Апелирам изградбата на Универзална сала да продолжи. Овој објект е многу значаен за културата, за скопјани и за целата држава и претставува симбол на солидарноста, заклучи министерката Костадиновска.

Претседателката на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска ја повика градоначалничката да каже која институција потпишала и кажала дека објектот е небезбеден.

-Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Ве замолуваме да излезете со информации дека објектот е небезбеден и да кажаете која институција потпишала и кој го кажал тоа, рече Јанковска Михајловска.

Дека објектот е безбедн потврди и архтектот Муча кој рече дека воопшто не е точно дека објектот ќе им падне на скопјани врз глава.

-Вие рековте дека ќе падне објектот. Не знаете каква штета направивте. Јас храна деца, други лица хранат деца од оваа фирма“ рече Муча и додаде дека тој смета дека проектот е добар со две позитивни ревизии и два позитивни извештаи од ИЗИС, како и позитивен извештај од професор на Градежен факултет.

Слични содржини