Костадиновска Стојчевска: Кога зборуваат работниците, на власта најлесно ѝ е да каже дека се контролирани од некоја партија

„Ние (СДСМ) вторпат поднесовме Закон со кој што баравме минималната плата да изнесува 660 евра, меѓутоа двапати бевме одбиени“, рече пратеничката

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Протестите за покачување на минималната и сите останати плати треба да добијат поддршка и од опозициските и од партиите на власт бидејќи трошоците за живот вртоглаво растат додека примањата на граѓаните стагнираат со што животниот стандард на граѓаните во Македонија е еден од најниските во регионот, изјави пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска на вчерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Ние (СДСМ) вторпат поднесовме Закон со кој што баравме минималната плата да изнесува 660 евра, меѓутоа двапати бевме одбиени. Еднаш кога самиот Закон беше ставен на гласање вториот пат кога побаравме да се стави на дневен ред со изговор дека доцнеле материјалите“, истакна Костадиновска Стојчевска.

Таа се надева дека власта има стратегија за зголемување на минималната плата бидејќи истата не е зголемена две години.