Костадиновска-Стојчевска: Концептот што го нудимe носи сигурна и европска иднина

Видлива е разликата на тој наратив, што е она што како иднина го нуди претседателот Стево Пендаровски, кој е патот по кој е зацртан и по кој треба да продолжиме, рече министерката за култура.

од Бети Божиноска
210 прегледи

Министерката за култура и коносителка на листата на СДСМ во ИЕ 5, Бисера Костадиновска – Стојчевска, во „10 минути“ на ТВ 21, ја пренесе атмосферата од почетокот на кампањата на кандидатот Стево Пендаровски, потенцирајќи дека граѓаните го препознаваат неговиот концепт и она што го нуди СДСМ.

„Видлива е разликата на тој наратив, што е она што како иднина го нуди претседателот Стево Пендаровски, кој е патот по кој е зацртан и по кој треба да продолжиме. Затоа е нашата поддршка токму кон претседателот Пендаровски, затоа што покажа дека е претседател за сите. Покажа внимание во овој мандат кон сите групи граѓани, за ниту еден граѓанин кој што имаше потреба од него тој не кажа „НЕ“. Се сретна со сите граѓани“ – изјави Костадиновска – Стојчевска.

Според неа, Пендаровски покажал навистина голема почит и кон културата, спортот, младите, образованието и затоа најавува двојна победа.

„Концептот што го нудиме пред граѓаните е концепт кој што носи поубава иднина, посигурна иднина, европска иднина, иднина со повисоки плати, повисоки пензии, со подобри услови за живот… Ќе продолжиме понатаму, и во наредниот мандат, и во неговиот како претседател, и во нашиот како партија, која што ќе прогласи победа на 8 мај,“ изрази уверливост за изборните резултати, министерката за култура и коносителка во ИЕ 5, Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Слични содржини