„На когресот ќе се утврдат конечните листи за кандидати за пратеници меѓутоа целосните листи, не само носител, прв втор… За сите 6 изборни единици ќе се утврдуваат конечните листи и тоа ќе го направиме односно ќе помине низ сите партиски филтри, низ сите партиски структури што ќе резултира на крајот со партиски конгрес кој што е закажан за во сабота.
Како потпретседателка морам да кажам дека најпрво се залагаме за зачувување на тој принцип на машко женско или подеднаква застапеност на жените на листи. Тоа од претходните парламентарни избори премина во една реторика која што е носител и коносител односно со таа застапеност се опфаќа малку поголем регион. Што значи покрај принципот на машко женско ќе имаме и нешто што се нарекува носител и коносител за секоја изборна единица,“рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на ТВ Клан, во врска со носителите на пратеничките листи на СДСМ.
Таа посочи дека застапеноста од 50 отсто жени на пратеничките листи е воведено токму заради тоа никој да не се чувствува супериорен во однос на останатите.
„Што значи дека тоа е нешто што е направено за да се запази дека имаме и маж, но и жена носител односно носител и коносител(ка) на листи затоа што сме ние прва партија која што воведе 50% застапеност на жените на своите листи не само на парламентарните избори туку и на локалните избори и на последните како и на претпоследните,“ рече министерката Костадиновска Стојчевска.