Костадиновска-Стојчевска му ја додели наградата „Златна камера 300“ на Џон Метисон

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Особена чест и задоволство е што ми припадна таа улога да ја врачам наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на познатиот Џон Метисон, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на затворањето на 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки” во Битола.

-Фестивалот „Браќа Манаки“ е еден од ретките во светот, а единствениот во овој дел од Европа кој што ја вреднува и слави работата на кинематограферите, додаде таа.

Метисон е директор на фотографија кој зад себе има редица антологиски филмски остварувања, добитник на наградата Бафта, на британското друштво на кинематографери, две номинации за Оскар, неговата филмографија ги вклучува „Гладијатор“, „Фантомот од операта“, „Кралот Артур“, „Робин Худ“, „Ханибал“, „Скајфол“ и многу други.

-Воодушевен сум што сум овде бидејќи ова е едно од местата каде соодветно се чествува нашата работа, а вие од фестивалот „Браќа Манаки“ навистина успевате да го направите онака како што доликува. Успевате да нè промовирате нас како кинематографери и нас како филмска камера како нешто што заслужува многу голема важност. Луѓето понекогаш не сфаќаат колку е тешко страници и страници црно-бел текст да се преточат во визуелен јазик. Зашто ова не е обид да се зачува јазикот на некоја одредена група, визуелниот јазик секој го разбира. Кога снимале браќата Манаки имало само слики, а сликите сите ги разбираат, рече Метисон.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на црвениот тепих беше придружувана од aмасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Слични содржини