Костадиновска-Стојчевска на средба со Иницијативата „Аудиција СЕГА!“: Ќе се формира работна група за изготвување стратегија за отворање нови работни места

од Берта Китинска
273 прегледи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставниците на „Аудиција СЕГА!“, во која членуваат невработени актери, режисери, драматурзи, продуценти, на денешната средба се договорија Министерството за култура да формира работна група составена од професори од државни и приватни факултети и академии, членови на СКРМ, националните театри и центрите за култура за изготвување стратегија за отворање нови работни места, поголема транспарентност и креирање електронска база на дипломирани театарски работници.

Министерството за култура изразува подготвеност да учествува во подготовката на документите на националните установи со кои ќе се овозможи ангажирање на минимум еден невработен актер во зависност од обемот на претставата, на отворени кастинзи за секоја претстава, како и минимум еден режисер во годишните програми на институциите.

Претставниците на Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ со министерката Костадиновска-Стојчевска ја отворија и темата по барањето за вработување на најмалку 60 % од дипломираните кадри. Беше договорено Иницијативата да се вклучи во процесот на изготвување на следниот Годишен конкурс во делот на ревидирање на критериумите и приоритетите за бодување и оценување на проектите. Беше договорено, Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ да е дел и од работните групи што ќе работат на претстојната 4-годишна Стратегија за култура, како и на Законот за јавен интерес во културата.

Слични содржини