Костадиновска-Стојчевска: Нема клиентелизам при изборот на проектите, за три години Универзална сала ќе биде готова, со „клуч на рака“

од Radmila Tasevska

Министерката за култура и потпретседател на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва ги отфрли како неточни квалификациите во јавноста дека се работи за клиентелизам при изборот на проектите во Министерството, како и дека годинашната Програма е најлоша досега.

Според неа, комисиите што биле избрани, најпрофесионално си ја завршиле работата.

Костадиновска Стојчевска тврди дека целта на Програмата за култура е рамномерно инвестирање и вложување секаде.

– Комисиите кои беа избрани во министерството за култура најпрофесионално си ја завршија работата, но од нивното влечење по медиуми и деградирање, ќе доведе во иднина тие да не сакаат да одлучуваат на овие конкурси. Имињата на членовите на комисијата јавно беа објавувани. Секој фестивал секоја година има различна апликација која се оценува. Имавме во минатото примери каде фестивали го намалувале квалитетот на програмата и со тоа се намалува сумата за поддршка од министерството, рече Костадиновска Стојчевска во гостувањето на „24 Анализа“.

Осврнувајќи се на Универзална сала, министерката истакна дека за три години ќе биде готова, со „клуч на рака“.

-За Универзална сала, првата фаза е веќе истендерирана и треба да се заврши. Сега ќе се истендерира и втората фаза. Обебзедивме финансии за три години и воедно ветивме дека за три години Универзална сала ќе биде готова, со клуч на рака. Поминавме долг пат, но процесот конечно заврши. Кон крајот на оваа недела ќе може да се почне со работа за да заврши првата фаза и да влеземе во втората, истакна министерката и информира дека за годинава се предвидени 120 милиони денари, додека за наредните две години се планирани поголеми суми.

Слични содржини