Костадиновска-Стојчевска од Тирана: Историски ден за македонската култура и вреднување на нашето заштитено културно богатство

од Radmila Tasevska
288 прегледи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на церемонија за свечено предавање на незаконски изнесените икони на македонската делегација, рече дека Владата високо го цени и го вреднува овој историски чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири.

– Во овој гест како израз на пријателство од страна на Владата на Република Албанија, премиерот Еди Рама и мојата колешка, министерката Елва Маргарити, не ја препознаваме само политичката порака за почитување на преземените обврски како држави. Многу повеќе ја препознаваме пораката за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство – изјави Костадиновска-Стојчевска.

Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека е ова свечен момент кој нѐ направи да се чувствуваме горди бидејќи, како што рече таа, овој чин нѐ става во авангардата за спроведување на меѓународните конвенции.

– Но, од друга страна, овој чин го отвора патот не само за враќање на другите предмети во нивните земји на потекло, ако сакате да имате претензии и ќе бидете идентификувани како такви, но од друга страна враќање и во Албанија на изгубени предмети, ограбени во нашите институции за културно наследство, музеи, паркови или култни објекти – додаде таа.

Слични содржини