Костадиновска – Стојчевска со реакција: Службеното патување во Австрија е многу поевтино до она на Мицкоски и неговите министри од 20.000 евра

од Vladimir Zorba
535 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и на верски празник продолжува со фабрикувани лаги и невистина за мене. Сакам граѓаните да знаат дека за службеното патување е избрано многу поефтино сместување од хотел или луксузни бизнис карти како оние на Мицкоски и неговите министри од 20.000 евра, реагираше екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Дефокусот за нивното досегашно трошење и аздисување на Гаши и неговите сватови, како и немањето изговор зошто во буџетот најдоја пари за општините на своите градоначалници, но не и за наставниците и покачувањето на минималната плата, ДПМНЕ со вакви напади кон мене на драматични пресови ја дефокусираат јавноста.

Тие сакаат постојано да се занимаваме со нивните лаги. Ако има нешто незаконско нека ме тужат, но бидејќи нема се служат за конструкции.

Службеното патување има причина и цел, која може да се види и на линкот, отворање на Мултикултурна изложба претставена од уметнички дела на повеќе од педесет македонски уметници“, додаде таа во реакцијата на пресот на Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини