Костадиновски го впери прстот во политичарите: Дали 2030 е соодветна за да го решиме предметот со Законот за јазици?

од Nikola Popovski
162 прегледи

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска на прес-конференција порача дека нема да дозволи надлежниот орган да биде уценуван и нема да дозволи да биде под притисоци и закани. Костадиновски истакна дека Судот има јасни надлежности и дека е чувар на Уставот.

Вели дека не е негова работа да ги коментира ставовите на политичарите, но смета дека како уставни судии се принудени.

-Денешната одлука не сакам да бидам разбрана како слабост или подлегнување под нечиј притисок. Ние продолжуваме со постапувањето по тој предмет кој е најстар во Судот. Нашата денешна одлука треба да биде толкувана како врвен чин на одговорен пристап и највисока почит и должност кон граѓаните – да не дозволиме да бидат манипулирани и лажени од политичарите, рече Костадиновски, по што кажа во што се состојат лагите и манипулациите на политичарите околу Законот за употребата на јазиците.

-Првата лага со чувствата на граѓаните е Уставниот суд извршува политички програми и дека сме параполитичка организација или дека сме посакувале дестабилизација. Ова е апсурд. Не ми е јасно како некој очекува Уставниот суд за било кое прашање да одлучува, да прашува или да прави комприси. Тоа не е правна држава. Ако некој сака да продолжи да глумиме владеење на правото и да се чудиме како повторно некој не квалификува како заробена држава или хибриден режим, тоа не е наш проблем. Кога ќе ги слушнам тие прашања – зошто сега? Како зошто сега? Зар пет години е мал временски период? Најчесто го слушам и прашањето дека коинцидирало со ставовите на некоја партија за балансерот и јазиците. Ако тоа прашање било решено досега, ние немаше да бидеме тука, а ние еднаш мораме да го решиме. Кого да прашаме кога треба? Кога е соодветно време? 2030 година?, праша претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски е дециден дека Охридскиот рамковен договор е дел од Уставот и дека чувајќи го Уставот, се чува и Договорот. Тврди дека уставните судии се должни да го чуваат и духот на Уставот.

Уставниот судија исто така рече дека е лага дека наводно се доведувало во прашање правото на користење на албанскиот јазик.

Слични содржини