Костените се високо ценети во готвењето, поради многу причини. Овие убави, сјајни плодови се подеднакво употребливи како за додаток на слатки, така и кон солени јадења.
Сезоната на костените е кратка и може да ги најдете во есен. Исушени и конзервирани се среќаваат во текот на годината во големите супермаркети. За квалитетот и вкусот употребата во готвењето, раскажува foodpanda.
Свежите костени, треба да бидат добро термички обработени и никогаш не се јадат сурови, поради нивната содржина на танинова киселина. Треба да се отстрани обвивката на костените, со варење или печење. И за двете опции се прави мал рез. Надворешната обвивка е горчлива и непријатна, па потрудете се да ја отстраните добро. Текстурата на костените е многу погодна за да биде алтернатива на брашното во правење на десерти. Она што треба само да го направите е да ги сомелете костените во блендер и тие се подготвени за правење на леб, колачи, мафини.
Најпопуларните десерти со содржина на вкусната јатка се сладолед, кој се подготвува како крем, шеќер во прав и засладено костено пире. Друг десерт “Рајската комбинација”, како што ја нарекуваат Французите, односно зашеќерен костен, полеан со течно чоколадо. Овие слатки бонбони се консумираат самостојно или уживаат за декорација на тартуф-торта. Италијанците, пак приготвуваат варени костени во шеќерен сируп, кој се служи со топка сладолед.
Пред неколку децении, костените се користеле главно во селската кујна, додека денес се вистински деликатес. Се подготвуваат чорби и јадења или се сервира како пире. Соодветни се како гарнир кон телешко месо или друг вид печење.
Костените наоѓаат примена и во салатите, а најпопуларната е салата со р’кулци, прелиена со печени костени. Погодна е за Божиќната вечера.
Костенот е исклучително посакуван во рецептите во Кина, Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Словенија, Хрватска, Кореја и Југоисточна Азија. Тој е корисен, диетален и вкусен, што го прави интересен за секој гурман. Различните сорти имаат различен вкус и варираат во зависност од условите на одгледување.