Филип Костиќ, репрезентативното крило на Србија е блиску до трансфер во Турција каде би можел да игра заедно со Душан Тадиќ во тимот предводен од Жозе Мурињо.
Костиќ не е во плановите на Тијаго Мота, новиот тренер на „старата дама“, па веќе некое време беше јасно дека ќе го напушти тимот.
Иако се очекуваше дека ќе замине во тим од водечките европски лиги, преодниот рок помина, а Костиќ не ја напушти „старата дама“. Но, тоа може да се смени во наредните денови, бидејќи за него, покрај Галатасарај, интерес покажа и Фенербахче.
За разлика од Галатасарај, Фенер има сериозен адут во „ракавот“ во формата на Душан Тадиќ, но и можноста Костиќ да соработува со Жозе Мурињо, а како што најави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, името на Португалецот ќе биде од пресудно значење.
Наводно, Јувентус и Фенербахче постигнале договор за едногодишна позајмица, па Костиќ следната сезона ќе ја помине во тимот од Босфорот, при што Фенер ќе има опција да го откупи.
🚨🟡🔵 Filip Kostić to Fenerbahçe, here we go! Deal agreed in principle on loan with buy option clause from Juventus.
Green light from Juve and travel now being planned with player side.
Kostić, set to join Mourinho at Fener. pic.twitter.com/VJRcMpIGv9
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 8, 2024
Официјалната промоција треба да следи во следните неколку дена.
Преодниот рок трае до 13 септември.