Костов: Новите вагони ќе го зголемат обемот во железничкиот сообраќај

од Vladimir Zorba
115 прегледи

МЖ Транспорт очекува дека со набавката на новите товарни и патнички вагони двојно ќе се зголеми обемот во железничкиот сообраќај за разлика од изминатите години.

zeleznicka-heraclea

Директорот на МЖ Транспорт Никола Костов денеска најави нови деловни линии на релации Тетово – Скопје, Велес – Скопје, Куманово – Скопје, а како што посочи, во преговори се и со железниците од Србија и од Грција за воведување линии од Скопје до Белград и до Солун.

– Со сето ова очекуваме да се зголеми динамиката во патничкиот сообраќај. Новите патнички возови мислам дека ќе бидат позитивен сигнал не само за Македонски железници, туку и за целата држава, рече Костов на денешната прес-конференција на која беше потпишан Колективниот договор за вработените во МЖ Транспорт.

Во однос на товарниот сообраќај, Костов нагласи дека во тек се обновувањата за соработка со македонските компании.