Костовски: Бројката од 910.000 граѓани кои ќе гласаат на референдумот е научна фантастика

од Nikola Popovski

Чуму ни треба референдум? За македонски јазик? За дефинирани историски прашања? За потврден идентитет? За лагите за асимилација и бугаризација? Во услови на невидена еконмска и енергетска криза, дали мислите дека е потребно да исполнуваме некакви желби на лидерите за трошење народни пари? Се проценува на некоја сума од 8 милиони евра. Јас мислам дека не треба, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Битно е да се каже, вели тој, дека бројката од 910.000 луѓе кои треба да излезат на референдумот за да биде успешен е научна фантастика.

-Истото го кажа и лидерот на Левица. Апел да кажеме дека нема да дозволиме враќање на маса на стари ретроградни процеси, туку на маса е ставен планот за работа и брз од кон ЕУ. Партијата СДСМ во наредниот период ќе излезе со соопштение околу новата иницијатива, изјави Костовски во емисијата „24 анализа“ околу тоа како го коментира новото референдумско прашање, кое вечерва го обелодени претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

 

Слични содржини