Костовски: Денес Реџепи им даде „шлаканица“ на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

од Nikola Popovski

Со појавувањето на Реџепи и прес-конференцијата во Собранието се зададе шлаканица на ВМРО-ДПМНЕ и поддржувачите предводени од Мицкоски, вели пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „24 анализа“.

Тој потенцира дека „како меур од сапуница се распукало, сето она, со кое ВМРО-ДПМНЕ ја малтретирало јавноста“.

-Опозицијата по седмипат не обезбеди мнозинство за уривање на владата. Личниот гест на Реџепи е пример како индивидуата и политичките ставови дека оваа земја заслужува да не се стопира во зацртаните процеси, додава Костовски.

Слични содржини