Костовски до оштетените штедачи: Неразумност е да ме обвинувате за соучесништо, ако не престанете ќе ве тужам

од Nikola Popovski
379 прегледи

„Во вчерашната објава, вие оштетените штедачи ме обвинувате како соучесник во лошото работење на банката. Сакам да ви биде јасно, јас како акционер го именував само Управниот Одбор и целокупната внатрешна структура во банката е раководена од поставениот Управен Одбор, читајте Генерален директор“, се огласи бизнисменот и поранешен сопственик на Еуростандард банка, Трифун Костовски.

Според него, „неразумност е со каква леснотија го обвинуваат за соучесништво“.

„Повторувам: стојам на располагање за секаков вид распит околу стечајот на Еуростандард банка. Нема да толерирам натамошни клевети од ваша страна и ве предупредувам дека доколку продолжите на ваков начин да ми го рушите достоинството, ќе бидам принуден да ве носам на суд, да ве тужам за клевета“, соопшти Костовски.

Фирмата Бартон од Кавадарци од Еуростандард банка зема кредит од 510 илјади евра и не го врати. Сопственик на фирмата е Слободан Наумовски, кој беше и директор на филијалата на истата банка во Кавадарци. И овој пример докажува дека малверзациите и злоупотребите во скандалот со Еуростандард банката е генериран од внатре, се вели во соопштението на здружението на оштетените штедачи и фирми во Еуростандард банка „Правда за штедачи“, од каде додаваат:

„Станува појасно и зошто долгот од половина милион евра го нема во билансите на фирмата Бартон дооел од 2019 година па наваму. Тоа се поклопува и со времето кога Слободан Наумовски ја напушта филијалата и неговата долгогодишна позиција како директор на истата. Исто така, тоа се поклопува и со напуштањето на банката од директорот на Еуростандард банка, Николче Петкоски, кој е во самиот криминален врв за грабежот на депозитите, како составен дел на највисокото раководство на банката, заедно со Трифун и Коста Костовски. Тоа објаснува и зошто е даден така голем кредит на фирма само на основа на обична меница, фирма која имала приходи од рангот на 1.700 евра во 2017 година, за да годините после тоа немала никакви приходи. Фирмата и ден денес е активна, но со вкупен капитал од 2.850 евра и без приходи. Капиталот на фирмата е околу 180 пати помал од земениот кредит. Практично, од фирмата не може ништо да се наплати“, велат од здружението.

Слични содржини