Костовски до оштетените штедачи: Прекинете со нападите врз мене, се борам и за вас

од Nikola Popovski
374 прегледи

Ако и малку имате доблест во себе, ова посебно се однесува на вашиот прв човек во вашето здружение, тогаш ќе прекинете со нападите врз мене и моето семејство за стечајот на Еуростандард банка. Сакале вие или не, ние сме на иста страна. Се борам за вашето, ама се борам и за своето. Доколку оваа порака ја сфатите најдобронамерно, ќе ви бидам благодарен, а и доколку не ја сфатите, тогаш терајте по вашиот пат, се огласи бизнисменот Трифун Костовски, како реакција на на текстот на Оштетените штедачи од Еуростандарс банка, објавен денеска на порталите.

Тој вели дека ја поддржува иницијативата за преиспитување на одлуката на Уставниот суд со која на Фондот треба да му се одземе правото за наплата од севкупната стечајна маса на средства.

„Бидете убеден молчат, бидејќи по наши пресметки имаат доволно пари да ги обесштетат сите правни и физички лица, вклучително и нас акционерите. Срамот ќе биде голем, можеби тоа е и причината“, вели Костовски.

дружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка очекуваат носење исправна одлука од Уставниот суд во среда кога треба да одлучува и заседава по поднесената иницијатива за Законот за банки.

-Во среда, на 7 април, Уставниот суд повторно ќе заседава и одлучува за поднесената иницијатива за разгледување на уставноста и законитоста на Член 163 став 3 од Законот за банки, истиот тој закон којшто верувале или не, е направен за да ги доограби и со тоа продолжи криминалот врз депонентите, физички и правни лица.Токму оваа наредна седмица ќе биде онаа историска, којашто со помош на уставните судии преку донесување правилна одлука, ќе ја врати довербата во правната држава во овие тешки времиња за сите нас.

Покрај светската пандемија и тешката економска криза, банкарскиот систем во државава со своите закони и процедури им пресуди на над 3.000 семејства, граѓани и фирми, кои беа депоненти на сега веќе Еуростандард банка во стечај. Прво, не ги заштити од криминалците кои ја водеа банката преку спроведување ефективни ревизии и контроли врз банката, па се до контроверзниот Член 163 став 3 од Законот за банки, којшто во стечајната постапка ги доограбува веќе ограбените физички и правни лица,наведуваат во соопштение од Здружението на оштетени штедачи.

Слични содржини