Костовски: Франција не може да испорача тоа што нас ни треба

од Nikola Popovski
273 прегледи

Мојата констатација е јасна, Франција не може да го испорача тоа што нас Македонците ни треба. Многу работи не можел ни Макрон да направи, доколку нема индикации што е официјално работено меѓу двете влади. Сомнежите постојат, вели

Според него, Македонците се најжигосаниот народ кој што постојано треба да се докажува и секаде да кажеме дека имаме сопствен идентитет, култура и историја.

-Ние цели 55 години беше држава на македонскиот народ, до 2001 година. Тогаш се менува Уставот. Ние изгубивме кревко тело кое што беше државотворно за нас Македонците. Од ветувања не се создава иднина. Бугарите сакаат целосно да не ништат како нација и јазик и култура. Кога ја изгласаа согласност за предлогот, не можам со која леснотија тие пратеници ја одлучуваат судбината на една држава, на луѓе поблиски до нив. Не само што нас ни го загорчуваат животот, туку и на самите себеси. Да се замрзнат преговорите со Бугарија. Светот да сфати дека нашиот Устав не е бакалница, кој му текне, дојди отвори го, рече меѓу другото Костовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини