Костовски: Ќе покренам тужба против лицето Петар Трајков, ме подучуваше со мито да им пријдам на судиите

од Nikola Popovski
606 прегледи

„Повеќе од јасно е дека ова Здружение на оштетени штедачи од ЕСБ Банка, кои велат дека ги има 3000 оштетени семејства, се служат со манипулативни податоци. Согласно информациите кои ги поседуваме, 791 физичко лице имаат побарувања од Еуростандард банка. Поради континуирана клевета од страна на претседателот на ова здружение именувајќи ме како криминалец, ќе покренам кривична пријава за клевета точно против лицето Петар Трајков“, се огласи денеска бизнисменот Трифун Костовски.

Според него, „господинот Петар Трајков на кому му ја доверивте палката да ве претставува, за жал не е човек на кому му се доверува оваа многу значајна позиција“.

„Дали личи на претседателот на оштетените штедачи да ми каже при првата средба цитирам; зошто не и дадовте 100-200 илјади евра на Гувернерката за да не ја носи банката во стечај? Вчудовиден бев и избезумен од ваквиот настап на вашиот прв човек, да при втората средба повторно ме подучува да со мито пријдам кон судиите на Уставниот суд, со цел носење на одлука во корист на штедачите, за на крајот да финишира со зборовите, цитирам: Ти го отстапувам моето побарување од Еуростандард банка за 50%, ти да ме исплатиш, бидејќи ти имаш добри релации со Заев.

Почитувани, немав намера да озборувам, меѓутоа однесувањето на господинот Петар Трајков е крајно дволично, недолично, исклучиво бранејќи го сопствениот интерес.

Време е да согледате кој ви е вистински пријател во оваа борба, а кој непријател.

Изразувам жалење за вашите пари, чија судбина е неизвесна, меѓутоа на начинот на кој комуницирате со институциите на државата, со јавноста и посебно со мене е недозволиво“, стои во објавата на Фејсбук на Костовски.

Од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денес објавија дека целосно се согласуваат со претседателот Стево Пендаровски дека во нашата земја нема правда и дека законот за некого важи, а за некого воопшто не важи и прашаа зошто кога ќе одговара Трифун Костовски за јавното признание за сторено кривично дело.

Слични содржини