Максим е типичен габарит на популист кој е зависник од внимание и зависник од пофалби со аплаузи. Дали се додворува на Мицкоски или се веќе договорени заеднички да клеветат и напаѓаат, притоа безобразно поигруваќји се со националните чувства на народот, пишува на својот Фејсбук профил, пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во врска со отвореното писмо на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски до Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Тој вели дека никој, ништо нема да предаде, продаде и шитне.
-НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ГОВОРАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и ТОЧКА. ВО ЕУ КАКО РАМНОПРАВНА ДОСТОИНСТВЕНА ЧЛЕНКА СО СВОЈ ЈАЗИК,ИДЕНТИТЕТ и ИСТОРИЈА.НЕ ПОНИЖЕНИ, ТУКУ ГОРДИ, СДСМ е ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА, СДСМ Е МАКЕДОНСКИОТ СОВРЕМЕН КОД.Најлесно е да фрлаш камења и од позиција на опзиционер САМО и САМО да напаѓаш, без притоа да дадеш придонес ама буквално за ништо.Кумановци ве гласаа за нови улици, булевари, канализации и водоводи. За чист воздух и за чиста околина, локална економија и развој на општината.
Дај градоначалниче сконцентрирај се на проблемите на кумановци или остави ја општината оди во дипломатија, вели тој.
Димитриевски до Ковачевски: Не забрављај, наши предци су утемељени у овуј нашу Македонију с’с жртве
– Почитуван претседател на Владата на РС Македонија г-дин Димитар Ковачевски,
Ви се обраќам со отворено писмо по бројните и издржани реакции од јавноста кои се однесуваат на понудениот предлог од страна на Франција како можно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор со цел отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.
„Македонија е сѐ што имаме“, велеше нашиот прв претседател на државата Киро Глигоров, којшто ни остави аманет да ја чуваме, негуваме и унапредуваме оваа наша Македонска држава, за нашите деца и за идните поколенија. Но, дали денеска е навистина така? И дали денеска ја имаме истата визија за државата!?
Нашите родители, баби и дедовци се бореа за оваа татковина! Се бореа за еден ден да ни остават на нас слободна и независна Македонија – држава во која ќе има подобар живот, посреќни граѓани и мотивирани млади кои ќе имаат поголеми можности за развој и напредок, наместо својата иднина да ја гледаат во странство. Но, тие исто така ни оставија и аманет за ЗАЕДНИЧКО делување и ЗАЕДНИЧКО трасирање на македонскиот пат кон Европската Унија, напиша Димитриевски.