Костовски: Максим ќе си замине од локалната власт во Куманово, ќе имам поддршка од сите кумановци, вклучително и разочарани членови од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

од Nikola Popovski
164 прегледи

Ирелевантно е позади која партија стој секој еден гласач, се додека сме обединети во идејата за промена и за прогресивно Куманово. Јас ве уверувам дека како кандидат ќе имам поддршка од сите кумановци, вклучително и разочарани членови од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Едноставно Максим ќе си замине, вели во интервју за „Локално“, Мартин Костовски од СДСМ по неговата официјална кандидатура за градоначалник на Општина Куманово.

Костовски верува дека граѓаните на овие избори ќе ја казнат, како што, вели расипничката политика, клиентелизмот и злоупотребите на сегашниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

„Нашата понуда е чесна и програмски ориентирана исклучуво кон реалните потреби на граѓаните. Ние не ги делиме граѓаните по партиска припадност, за нас секој што сака промени и напредно Куманово е наш партнер. Тоа е нашата коалиција – со граѓаните. Куманово заслужува напредок. За жал и Македонците и Албанците, Ромите и Србите и Турците и Власите сите живеат лошо. Сите дишат загаден воздух, мака мачат со хигиена,сите се гушат во урбан хаос, сообраќаен метеж и ги споделуваат последиците од неработата на Максим“, посочува Костовски.

Целото интервју со организацискиот секретар на СДСМ ќе го прочитате во текот на утрешниот ден.

Слични содржини