Костовски: Мицкоски да одговори за информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите

од Vladimir Zorba
184 прегледи

„Повеќе медиуми во изминатите неколку денови пренесоа информации дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле. Според нивни проценки, куќата е вредна над 1 милион евра. Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и Црна Гора. Очекуваме Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста за овие информации, за куќа на блиско семејство и за информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите“, вели денеска Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство? Како со просечни професорски плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора?, прашува тој.

„Јавноста знае за кавгата за тендери во Скопје, знае дека Мицкоски беше директно обвинет од Данела Арсовска за раце во медот.

Исто така јавноста знае дека во тек е истрага за случајот Делчевски ниви, во којшто постои основано сомневање за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ и случајот води директно до Белиот дворец.

Оттука, имајки ги предвид сите овие информации, повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија, Обвинителство, по допрен глас, да ги истражат наводите за имотот на Мицкоски и да ја информирата јавноста“, истакна Костовски.

Слични содржини