Костовски: Милошевски е професионалец, за разлика од Мијалков кој имаше досие и беше партиски активист

од Vladimir Zorba
289 прегледи

„Заре Милошевски има признаено ЦВ, има дипломи, школуван е во САД. Станува збор за квалитетен кадар кој АНБ ќе ја води добро и во вистинска насока“ изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека Милошевски е познат и докажан професионалец, за разлика од Сашо Мијалков, кој ја водеше поранешната УБК и кој, како што кажа Костовски, имаше криминално досие и беше посветен во партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тука е мојата перцепција дека АНБ во наредниот период ќе работи квалитетно, професионално, независно и во интерес на граѓаните“ рече Костовски.

Пратеникот кажа дека не може да се стави равенство меѓу сите вработени во безбедносните структури, дека сите биле како Сашо Мијалков и кажа дека голем број луѓе преминале од УБК во АНБ и соодветно си ја вршат работата, но проблемот бил во лидерството.

Слични содржини