Денеска видовме дека Мицкоски повторно е во Будимпешта веројатно по нови инструкции од неговиот ментор Груевски, а со единствена цел како да се однесува во овој момент поврзано со барањето за референдум, вели пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, одговрајќи на прашањето поврзано за обвнувањата на Мицкоски кон опозициските партии дека се инсталација на власта и затоа не го поддржуваат барањето за рефередум.
Тој посочи дека Мицкоски и Апсиев не успеале во нивните лаги и црни сценарија и дека со сега се „излоирани во обидите да се создадат нови пречки на европскиот пат на државата“.
-Цениме дека можеби оваа тематика е само за кулоарите на ВМРО-ДПМНЕ и единствено за внатрешна употреба на ВМРО-ДПМНЕ во нивата бела палата, можеби имаат прашање и што ќе биде со можниот референдумот што ќе биде со изборот за новиот претседател во ВМРО-ДПМНЕ, односно за определени членови во нивниот Извршен комитет?Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет. Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии. Никој не му е виновен што неговите пратеници не гласаа во Собранието, ниту што ги тераше да потпишуваат правно неважечки изјави на нотар, вели тој.