Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во ТВ24 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ без причина се обидува да ја кочи изградбата на коридорите. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема интерес да го разгледа Договорот, бидејќи во спротивно ќе одговореа на писмото што Владата го испрати до Собранието.
Костовски истакна дека амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер во интервју спомена дека Бехтел работи законски и транспарентно.
-Можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе беше посреќна доколку руска фирма ги градеше коридорите. Треба да ги прашате што бараат нивните коалициски партнери во Москва, кажа Костовски. Во одговор на новинарско прашање Костовски рече дека очекува ОЈО професионално да си ја заврши работата и доколку има елементи да поднесе пријава за изборот на надзорот.
-Надзорот како тема беше пробен балон на синхорнизираниот напад на овој стратешки проект, истакна Костовски. Тој порача дека за четири години и седум месеци граѓаните ќе возат по модерни патишта во должина од 110 километри.