Костовски: Наместо дебата, аргументи, ВМРО-ДПМНЕ го резилат Собранието и државата

од Vladimir Zorba
196 прегледи

„Последните случувања во Собранието јасно покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на блокатори, лицемери и насилници. Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа дебата за францускиот предлог а кога предлогот стигна овде во Собранието кога по него треба да усвоиме заклучоци, тие не дозволуваат ниту да се дебатира“, соопшти денеска на прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Палат хартии, свират, врескаат, се закануваат само со една цел народот да на ја луе вистината а тоа е дека со последниот предлог имаме чиста формулација на македонскиот јазик и историски прашања надвор од преговарачкиот процес.

Ова е срамно, недолично однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Каде мислат дека се наоѓаат? Собранието не е месен комитет на партијата туку највисок законодавен дом.

Ова ли е партија која наводно е за интеграција во ЕУ? Наместо дебата, аргументи, тие го резилат Собранието, ја резилат државата пред високи претставници на ЕУ и пред целата европска јавност“, вели Костовски.

Слични содржини