Костовски не се попишал: „Нека повелат нека ме казнат“

од Nikola Popovski
453 прегледи

На сила се истурка пописот, дебатирајќи со желби на одредени политички субјекти. Објективно статистиката е наука и служи за економски развој. Ова што се случи кај нас беше со етнички предзнак. Само СДСМ и ДУИ се задоволни. Јас не го поддржав и затоа не се попишав. Едноставно барам меѓу политичките субјекти да има консензус околу тие работи. Нека ме казнат нека повелат, не се чувствував одговорен да излезам, кажа поранешниот градоначалник и поранешен пратеник Трифун Костовски за статистичката операција во земјава.

Според него, директорот на ДЗС, Апостол Симовски го има повеќе во јавноста отколку што треба.

-Спорно е сето тоа што моите луѓе го доживуваат. Не сакам да живеам во дилема да верувам или не верувам во овој попис. Има многу незадоволни граѓани. Со овој статистички податок осликавме само етнитети. Многу се зборува за пописот. Треба да идеме напред, вели Костовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини