Костовски: Незаконски се искористени 3 милиони евра наменски даден депозит од „Еуростандрад“ во Комерцијална банка

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Сопственикот на Еуростандард, Трифун Костовски на денешната презентација на извештајот за причините за пропаѓањето на банката изјави дека незаконски се искористени три милиони евра наменски даден депозит од Еуростандард банка во Комерцијална банка кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби без сосласност на Надзорните одбори од двете банки.

„Местото и улогата на Комерцијална банка е посебно истражено од господинот Драго Кос, а јас со овој мој исказ сакам само да обзнанам дека незаконски се искористени 3 милиони евра наменски даден депозит од Еуростандрад банка во Комерцијална банка, кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби, без согласност на Надзорните одбори на двете банки, Во договор, кој го знаат само Управните одбори на двете банки, овие средства се исчезнати“, рече Костовски.

Според него, институциите кои треба да работат во служба на интересите на правата на граѓаните се ставени во клише кое наликува на криминал.

Слични содржини