Повеќе од една недела ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во спорните тендери од над 136 милиони евра, изјави на прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
„Фатени со рацете во медот, молчат и за други пропаднати проекти. Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен градоначалник на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Само за да контролира бизниси и влијанија, или со нивниот речник кажано, да ги брца рацете во медот“, рече Костовски.
Додава дека на изборите во 2020 година Мицкоски побегна од листите, не беше носител во ниту една изборна единица. „Кукавички, самиот се прогласи за шпицен кандидатат и ја смести неговата редовна жртва, Александар Николовски да го крепи изборниот пораз.
Според него, „уплашен за сопствената фотелја шпицниот градоначалник секогаш ги гледал своите лични и бизнис интереси на ВМРО тендерска ДПМНЕ“.За Мицкоски, додава Костовски, никогаш не бил важен интересот на граѓаните.
„И тоа е она што денеска граѓаните го гледаат. Ова е вистинскиото лице на Христијан Мицкоски и оваа стара, нереформирана, криминална партија. Кулминација на внатрешни превирања и корупциски скандали вредни над 136 милиони евра со заеднички именител- пари. Ништо не е сменето во ВМРО тендерска ДПМНЕ, Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски. Тоа е тендерската матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат“, вели пратеникот од СДСМ.