Стечајот на банката значи отоврена шведска маса на која не плаќаш ниту денар, знаеме дека сите процеси со вакви стечаи во земјава се влечат со години. Јас отоврено ќе кажам дека ние бевме изнендени од оваа одлука на НБРМ, повеќе од јасно е дека стечајот бил припреман подолг период, изјави бизнисменот и сопственикот на Еуростандард Трифун Костовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Костовски вели дека нема да се откаже во борбата за да го пронајде виновникот кој стои зад одлуката за стечајот на банката.
-Банката започна со работа уште во 2001 година и е гринфилд инвестиција. Одлуката за стечајот е заговор кој стој зад тоа ќе бидам упорен за да дознаам. Сомнително е тоа што веднаш се тргна со старот. Банката немаше проблем со ликвидност. Од НБРМ добивавме позитивни сигнали дека добро ја работиме работата, изјави Костовски .