Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на својот Фејсбук напиша дека владеачката партија е поразена во македонскиот блок во Тетово на изборите за членови на Совет, но и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е губитник затоа што излезноста била помала.
-За да стане појасен вчерашниот дебакл на ВМРО ДПМНЕ и победата на СДСМ прочитајте ги следниве компарации:
1. Маврово – Ростуше градоначалник
– Избори 2021: СДСМ 1563 ВМРО 1558
– Избори 2022: СДСМ 3266 ВМРО 1935
Очигледна разлика каде СДСМ ги дуплира бројот на гласови.
2. Центар Жупа градоначалник
– Избори 2021: Аријан Ибраим 1342
– Избори 2022: Аријан Ибраим 3340
Уште една победа на политиките на СДСМ каде бројот на гласови е зголемен за скоро 2,5 пати.
3. Тетово совет
– Избори 2021: СДСМ 2672 ВМРО 4062
– Избори 2022: СДСМ 1953 ВМРО 3352
Двете партии губат поради малата излезност.
И сега гледајќи го трендот на овие избори, јасно е зошто е целото брзање за предвремени избори на ВМРО. Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ само што почнаа и на следни избори ќе добијат чист мандат за нови 4 години во кои Македонија ќе се реорганизира по европски рецепт ‼️, напиша Костовски.