Костовски: Посегнете и по мојот живот, ама нема да подпаднам под поданичкиот дух кој што владее со вас

од Nikola Popovski
283 прегледи

Бизнисменот Трифун Костовски преку соопштение ја информира јавноста за начинот на кој се води постапката против него, поврзана со стечајот на Еуростандард банка во Основниот кривичен суд Скопје.

Судиите кои ја водат оваа истражна постапка, вели тој, нека си ја преиспитаат својата совест.

„Ако сметаат дека се чисти пред себе, тогаш бидете убедени живееме во општество без никакво право и правна заштита. Хаосот царува. Како е возможно да целиот свој живот го посветив чувајќи го своето достоинство кое е признаено во многу европски земји и САД, поради мојот хуман, праведен и човечки однос. Во мојата Македонија да се соочам со институции кои се трудат да го разнебитат моето достоинство. Човек сум. САКАМ И ЧОВЕК ДА ОСТАНАМ. Постапките кои се водени од нашите правосудни органи нанесуваат бол и гнев, бидејќи нема полошо чувство кога од својот сопствен народ и сонародник си понижуван без никакви основи“, истакнува тој.

Јас продолжувам, продолжува тој, а вие кои ги водите институциите на системот мислете му ја.

– Слободно ве охрабрувам, посегнете и по мојот живот, ама нема да подпаднам под поданичкиот дух кој што владее со вас, истакна Костовски меѓудругото во своето обраќање до јавноста.

Слични содржини