Костовски: Пропаднаа апокалиптичните сценарија на Мицкоски, за првпат сите енергетски капацитети се во функција

од Vladimir Zorba
172 прегледи

„Енергетските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата“, изјави Мартин Костовски од СДСМ.

„Најголемиот производител на електрична енергија, РЕК Битола, работи со полн капацитет, со сите три блока.

Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија.

Во една од најпредизвикувачките зими за светот, електрична енергија во државата има и ќе има, без рестрикции.

Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците.

Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, вчера повторно е извршен и извоз на електрична енергија од домашно производство.
Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена.

Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“, истакна тој.

Слични содржини