Костовски: Протести се хибрид од некој мутиран идентитет на путинови Руси и орбанови Унгарци

од Берта Китинска
203 прегледи

Овие протести се хибрид од некој мутиран идентитет на путинови Руси и орбанови Унгарци, збунети и пијани, влезени во некоја напредна фаза на фашизација, напиша на својот Фејсбук профил пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.

– Едниот пали знаме на Европа,
– другиот пали некакви документи,
– третиот облечен во качулка, во бесознание за себе и другите,
– четвртиот мумла оставкааа и фрла камен кон полиција,
– рубља- левичари, велат: смрт за клетите бугари, па викаат смрт за клетите шиптари,никогаш северна само Македонија, и слични навреди…Овие денес се хибрид од некој мутиран идентитет на путинови Руси и орбанови Унгарци, збунети и пијани, влезени во некоја напредна фаза на фашизација.Овие луѓе не ја сакаат Македонија.Ова денес не е македонскиот идентитетОвие протести не се идентитет на МАКЕДОНЕЦОТ.Не во мое име!, пишува Костовски.

Слични содржини