Руско-украинската војна предизвика многу силен економски пад на берзите, стоките и услугите со масовното зголемување на цените предизвикани од енергетската криза. Оружјето масовно се користи во оваа војна, невини луѓе гинат, имаме траорна бегалска криза, додека најсилните лидери од кој што зависи мирот и иднината ја користат реториката која во основа не укажува дека во блиска иднина оваа војна ќе заврши и светот колку-толку ќе се нормализира, вели за Студио 10, бизнисменот Трифун Костовски.
Тој потенцира дека неодминлив е фактот дека без руските енергетски потенцијали е невозможен баланс во енергетиката на светско ниво, дополнувајќи дека и во догледно време не гледам дека ќе настапат промени.
-Европската Унија со децении наназад се труди да имплементира обновлив енергетски потенцијали со цел да се намали зависноста од Русија. Јасно е дека сè уште се далеку од оваа нивна желба. Енергетските ресурси во денешната Руска Федерација се неопходни за крвотокот на Европската Унија. Без нив цела Европска Унија ќе колабира. Со воведување на нови санкции од страна на Европската Унија кон Руската Федерација, убеден сум дека ќе има одговор на овие санкции од страна на Руската Федерација кој може да биде многу болен не само за Европската Унија, туку за целата светска заедница, вели Костовски.