Костовски се пожали на закани од советник во општина Бутел

од Nikola Popovski
264 прегледи

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска објави на социјалните мрежи дека добил директни закани од советник во општината од редовите на Алтернатива.

-Читаше од некој друг напишано писмо па ми се обрати на таков начин. Од како го прашав што тоа значи, почна да ретерира дека било метафора. Тој истиот советник кој вчера едвај го прочита од друг напишаното писмо, веќе година ипол од мене бара работи кои се исклучително поврзани со негови лични потреби и за неговото најблиско семејство. Секако дека имам докази за истакнатото и секако дека не добил ништо од тоа што побарал за личен интерес. Од човек кој гледа лична корист сега наеднаш стана бранител на албанските интереси и тоа на исклучително лажен начин со манипулации, пишува Костовски.

Додава дека не се плаши од заканите.

-Сте ја утнале адресата, вашите закани се смешни и кукавички, односно далеку од чин кој му прилега на маж. Закани, провокации и останати нецивилизирани постапки кај мене ниту поминале до сега, ниту некогаш ќе поминат. Стравот не постои како опција во мојот ментален склоп. Убеден сум дека тоа ви е кристално јасно. Криминалци, бандити, насилници и слично, за мене биле и ќе останат најдолниот човечки ред, тие истите пред година ипол ги оставивме општината да ја гледаат од публика. Така ќе биде и следниот мандат, стои меѓу другото во Фејсбук статусот на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини