Костовски: Скандалот со „Струмица Гас“ е потврда за катастрофалното работење на Заев

од desk2
137 прегледи

Последниот скандал со јавното претпријатие „Струмица Гас“ и милионските суми народни пари кои се излевале од буџетот на општина Струмица се само потврда за катастрофалното работење на Зоран Заев, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавноста виде дека општината Струмица на „Си-Ен-Џи Системс“, чиј сопственик е Митко Андреевски, му ги доделила сите тендери од 2011 наваму. Во изминатиот период Заев тендери доделуваше на своите братучеди, стрина, чичко, братот Вице и бизнис ортаците, на семејните фирми блиски до него, на сопартијката Цветанка Иванова, а сега и на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски, рече Костовски.

Тој истакна дека Заев не се менува и дека во Струмица има мрежа од фирми преку кои ги испумпува парите на граѓаните во џебовите на блиски соработници.

– Овој систем на лично и партиско богатење Заев сака да го прошири низ целата држава. Тоа граѓаните го препознаа и затоа на СДСМ им го испорачаа десетиот изборен пораз по ред, рече Костовски.