Костовски: Вучиќ е пример за ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски истакна дека најавеното зголемување на пензиите ќе биде историски најголемо.

-Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се задолжуваше за да даде пензии. Оваа моментално влада покажа дека може и умее да се справува со предизвиците. Сега имаме поволен пензиски фонд. Имаме рекордно зголемување и двапати во годината усогласување по швајцарски модел, рече Костовски во емисијата „Клик плус“.

Во обраќање до пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, Костовски рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ е пример на најголемата опозициска партија.

-Неколку пати го споменуваат. Може рекламата како Вучиќ излегува од фрижидер во предизборен спот им даде поттик и пример, рече Костовски откако Стојановски ја повтори изјавата на српскиот претседател дека Србија ќе ѝ продаде жито на С. Македонија.

Слични содржини