СДСМ денеска излезе со повеќе информации за роднини на директорот на СОЗР, Ивица Томовски по последните обвинувања за тендерот со обезбедување на државните објекти. Организацискиот секретар на партијата, Мартин Костовски упати неколку прашања.
-Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистрирано фирма на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил уапсен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство? Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати, кажа тој на прес-конференција.
Костовски изнесе податоци и за уште скандал, кој, како што вели, е поврзан со Томовски.
-Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога? Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски? И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари? Исто како во време на режимот, истакна поранешниот пратеник.
Оттаму СДСМ бара итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден 3,5 милиони евра. Исто така бара Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата.
Вчера директорот на СОЗР ги негираше тврдењата на „Бихаќка“ дека постојат негови роднински врски со сопствениците на избраната компанија за обезбедување на државните објекти. Томовски жали што, како што вели, наместо да се нагласи заштедата од 30 милиони денари за државниот буџет, што не било случај во минатото, јавноста се дефокусира со неосновани обвиненија адресирани на негова сметка. Директорот на СОЗР уверува дека компанијата „Праеториан“ на никаков начин не е поврзана со него, ниту му припаѓа на некој него роднина.
Вчера од партијата на Венко Филипче обелоденија документи според кои, како што велат, тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка.