Костовски: Законот за двојазичност е целосно неуставен

од desk2
89 прегледи

Законот за двојазичност кој го предлага СДСМ ја води државата кон целосно подвојување, создава нефункционални институции, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

-Законот за двојазичност е целосно неуставен и во многу членови надалеку ги поминува границите на Уставот. Согласно овој закон, Македонија ќе добие втор службен јазик на целата територија и  истиот ќе се користи во службена употреба во сите институции на централно ниво, тоа го предвидува чл. 1 ст.3 од истиот кој гласи, цитирам: – „ Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија“, вели Дарко Костовски  од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тој додава дека Член 2 став 2 од овој закон пропишува дека сите постапки, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони покрај на македонски можат да се водат и на албански јазик, доколку странката тоа го побара, па така во судовите, јавните обвинителства и другите државни органи на целата територија на Република Македонија, дури и на местата кај што нема ниеден член на заедница која е 20 посто во Македонија ќе мора трајно да вработат преведувачи и службеници кои ќе зборуваат албански.