Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски рече дека денеска јавноста очекувала министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да си поднесе оставка и да ги разреши директорот на БЈБ и началникот на СВР Скопје. Според Костовски, министерот на прес-конференција рекол дека полицијата одговорила соодветно и навремено на вчерашното сквернавење на македонското знаме.
Членот на СДСМ праша зошто МВР немала навремено оперативни информации, со цел да се спречат вчерашните инциденти.
-Зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Македонското знаме беше запалено, а воедно и се пукаше од автоматско оружје. Факт е дека Тишковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера. Не дај боже, лесно можеше да се случи да има жртви, рече Костовски во изјава од седиштето на СДСМ.
Навредливи скандирања и дивеење низ улиците. На Денот на албанското, беше искинато и запалено државното знаме. МВР реагираше, при што утрово уапсени се осум лица. Сите политички партии го осудија чинот и никој не презема одговорност за вчерашниот инцидент и палењето.