Дефинитивно, загадувањето е најкомплексен проблем во градот Скопје. Земајќи ги во предвид причините и причинителите за загадениот воздух ќе иницираме и ќе се заложиме за итно затворање на Вардариште и претворање во парк со претходно преземање на технички мерки. Нема да дозволиме да се повторат слики како последните месец-два, кога, поради разни нелегални активности, се подигаше густ црн чад што го труеше Скопје, вели генералот Горанчо Котески, носител на советничката листа на ЗНАМ во Советот на Град Скопје.
Тој во интервју за „Локално“, меѓу другото, истакнува дека време е веќе да никне и првата фабрика за преработка на ѓубрето од кое ќе се произведува електрична енергија.
-Движењето ЗНАМ за тоа веќе разработува конкретен план, кој по изборите веднаш ќе го понудиме да се реализира, порачува Котески.